недела, 29 март 2026

Американски борбени авиони и хеликоптери стигнуваат на Балтикот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Шест авиони Ф-35 денес пристигнуваат во Естонија, Литванија и Романија, по два во секоја земја. На пат е и група борбени хеликоптери, а нивното пристигнување е успорено поради проблеми со времето.

„Очекуваме хеликоптерите „апачи“ денес да пристигнат на своите одредишта“, додаде изворот.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот најави дека американска воена опрема, вклучувајќи борбени авиони и хеликоптери, ќе биде испратена во земјите членки на НАТО на Балтикот и на истокот на Европа.

Како што тогаш беше потврдено, станува збор за осум борбени авиони Ф-35 кои од Германија ќе бидат распоредени во Источна Европа и на Балтикот, 20 хеликоптери „апачи“ кои се селат на Балтикот и 12 такви хеликоптери кои од Грција ќе бидат префрлени во Полска.

[video:https://youtu.be/_RXUsHbWZdk autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ