вторник, 23 декември 2025

Алиоски: Чудата се случуваат кога верувате, мојата кариера е пример за тоа

Објавено на

часот

Сподели

Утре Македонија има тежок предизвик, би било сензација доколку го елиминираме Европскиот шампион и дојдеме на чекор до Светското првенство.
 
Во фудбалот чуда се случуваат и ќе се случуваат. Тоа го знаат нашите фудбалери, а италијанските медиуми ги потсети Езгјан Алиоски.
 
Во фудбалот сè е можно. Зошто да не одиме на Светско првенство? Мојата приказна е доказ за тоа. Почнав од Јанг бојс, тим кој ме отпушти, играв во швајцарската втора лига во Лугано, а видете до каде стигнав. Најважно е никогаш да не престанете да верувате“, вели Алиоски за „Кориере дел Тицино“.
 
„Секако дека Италија е голем фаворит, а нам ни е потребно чудо. Но во фудбалот чуда се случуваат. Со моите соиграчи ќе направиме сè за тоа да се случи и овојпат“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ