недела, 8 февруари 2026

Aлијанса за Албанците: Кривична одговорност за надлежните од Државниот завод за статистика

Објавено на

часот

Сподели

„Бараме од Заводот за статистика под итно за нерезидентните лица да ги објави и општините каде живеат, каде што имаат куќа или стан и каде секоја година се враќаат и придонесуваат за економијата на државата.

Опфаќањето на импутираните лица без етничка припадност и необјавувањето на живеалиштето на лицата од дијаспората имаат негативно влијание во прикажувањето на реалниот процент на етничките заедници во земјата и со тоа се ставаат во опасност колективните права кои ги уживавме до сега. Конкретно, процентот на Албанците во Кичево опадна под 50 отсто и со тоа се загрозува правото на употребата на националното знаме. Резултатите на пописот се изманипулирани. Ова се потврдува и со фактот дека имаме околу 400 илјади лица до 18 годишна возраст, а на гласачките листи од истата година, 2021, имаме 1,8 милиони гласачи. Ако направиме збир на гласачите и лицата под 18 години ќе добиеме резултат најмалку 2,2 милиони жители, а според пописот резидентното и нерезидентното население даваат вкупна бројка од 2 милиони и 90 илјади. Надлежните ова треба да го објаснат. Само според официјалните податоци недостигаат најмалку 100 илјади жители.

Ако Државниот завод за статистика не ги корегира овие нерегуларности, кривично ќе одговараат според член 49 на Законот за попис со кој за вакви манипулации се предвидува најмалку 5 години затвор“, соопшти Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ