
„Со овие зборови Османи ја направи Фројдовската грешка и со своја уста призна дека е главниот финансиер на Русија. Од официјалните податоци од алатката за објавување на трошоците, МНР произлегува дека гориво купува од руската компанија лиценцирана кај нас. Некои од залихите беа направени дури и во последните денови од февруари. Покрај министерството на Османи, најголемиот дел од Владата и државните институции се снабдувале од истата компанија,“ велат од Алијанса на Албанците.







