Вчера во 14.40 часот на локалниот пат с.Велешта-с.Долна Белица, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Х.А.(56) од Република Албанија кој бил затекнат при извршување кражба во плац за авто делови, соопшти МВР.
Одземениете предмети се вратени на сопственикот, а лицето е приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.






