На територијата на Општина Македонски Брод, пожарот меѓу селата Брезница и Тажево го гаснат двата ер-трактори, еден хеликоптер на МВР, пожарникари, полицајци и вработени во ЈП Јасен. Гори борова шума.
Во Пласница, кај месноста Стромол гори мешана шума, а активни се и пожарите во Небрегово и Гостиражни, Општина Долнени, во Чашка кај селата Габровник, Мокрени и Ореше, во селото Беловиште, Гостивар.
Под контрола се пожарите на планината Серта, во село Русиново, Берово и село Калањево, Неготино.