„Системот обично се подготвува за такви сценарија. Никој од граѓаните на Русија, верувајте ми, не би дознал сѐ додека најблиските соработници на Путин не донесат одлука дека таквата вест може да биде објавена во јавноста. Ако случајно Путин умре денес, тоа не би било објавено пред седум до 15 дена, односно додека не завршат преговорите, односно додека не се види состојбата на теренот.“
„Во тој случај, во случај на смрт на Путин, неговите најблиски соработници стравуваат од паника“, рече тој.
Што ќе се случи ако руската агресија врз Украина не заврши, како што се најавува, до 9 мај, односно како Путин ќе го оправда тоа пред руската јавност?
„Не плашете се, сето тоа ќе го оправда руската пропаганда. На руската телевизија веќе почнаа да се појавуваат забавни програми, кои се немаа појавено од почетокот на војната во Украина. Се подготвува терен за нешто, или за голем крај на војната или за голем заборав. Не треба никого да го изненади тоа што само регионите на Донбас остануваат области на војување. Но тогаш се поставува прашањето зошто Путин го направи сето ова“, вели Видмаровиќ.
Според него, оваа ситуација во Украина најмногу им одговара на САД, односно исцрпувањето на руските ресурси најмногу им одговара на Американците.
„Ако ја погледнеме војната во Украина од западна страна, се добива впечаток дека е во интерес на САД да го продолжат сето ова за да ја исцрпат руската страна што е можно повеќе воено и економски. Бајден не инсистира на преговори и преговарачката активност е најмногу во рацете на Франција и Турција. Слободно би можел да кажам дека на Американците им е ‘добредојдено’ ова руско исцрпување на економијата и армијата за да може САД да ѝ се посветат на Кина, односно на односите со Кина“, објаснува Видмаровиќ.
Сè погласни се информациите од различни извори дека Путин е тешко болен.
„Да, има информации дека Путин заболел од канцер, но мислам дека таа информација е еднаква на информацијата дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу имал срцев удар. На Твитер може да се види информација дека Путин е ‘опкружен’ со неколку онколози, што може да биде индикативно. Сепак, Путин е релативно стар човек“, вели Видмаровиќ.






