петок, 19 декември 2025

Администрацијата бара повисоки плати и најавува протести, од утре учениците најверојатно се враќаат во училиштата

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во план е протестен марш од Собранието до Владата.
„Овие денови речиси незабележително се донесе нов Закон за административни службеници во кој има срамно покачување на платите од 100 до 200 денари. Дел од јавната администрација се претвори во социјална категорија, доведена е на прагот на преживување во услови на секојдневен раст на цените и растечка инфлација, изјави Ралповски.
Владата вчера на претставниците на СОНК им понуди зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита за 12 отсто. Синдикатот на образованието, науката и културата бара 18,4% зголемување.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков по вчерашниот состанок во Владата и новите преговори изјави дека е постигнат договор за покачување на сегашната плата на наставниците за дополнителни 12 проценти.
„Се усогласивме со ставовите на Владата, каде во рамките на можностите на државата, во рамки на тоа во овој момент што може да се издвои за зголемување на платите во дејностите детска заштита, основно и средно образование, дојдовме до заеднички процент на зголемување на платите, кое би почнало од месец јули, најдоцна до месец јули, со завршување на ребалансот и процесуирање на средствата, од 12 % од сегашните плати, со додатоците кои следуваат врз договорот“, изјави Неделков.
Според него, учениците евентуално на настава би се вратиле во среда. За денеска, како што најави, е планирана средба во СОНК со цел да се донесе одлука за официјално завршување на штрајкот.
Договорот меѓу Владата и СОНК вклучува и заедничка соработка на креирањето на методологија за раст на платите која треба да биде завршена до крајот на оваа година и којашто ќе се применува од 2023 година, а која ќе е предмет и на општиот колективен договор.
Владата и СОНК се договорија како предмет на усогласување на гранскиот колективен договор да биде вклучена и редовната исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15, кој ќе започне да се исплаќа од 2023 година, откако претходно ќе биде потпишан општиот колективен договор со јавниот сектор.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ