Името на Роман Абрамович е дост актуелно во последниот период, бизнисменот реши да го продаде Челси по воената интервенција на Русија во Украина. И додека тој преговара за мировно решение помеѓу двете земји, низ медиумите кружат многу гласини за неговата желба да купи нов клуб.
Првично се говореше дека сака да го купи турскиот клуб Гестепе, во кој настапува нашиот Адис Јаховиќ, но минатата недела пристигна демант за една ваква зделка.
Последните информации го поврзуваат Роман Абрамович со Валенсија, шпанскиот клуб се мачи во Ла Лига под водство на Питер Лим.
Мигел Зорио, кој на маса стави околу 250 милиони евра за купување на Валенсија, откри дека Питер Лим се обидувал во Лондон да најде нов газда на клубот и преговарал токму со рускиот милијардер.






