вторник, 23 декември 2025

Абрамович купува нов клуб, Русинот ќе му стане газда на Јаховиќ?!

Објавено на

часот

Сподели

Адис Јаховиќ за газда може да го добие Роман Абрамович, турските медиуми пренесуваат дека бизнисменот од Русија ќе го замени Челси со Гезтепе.

Како што пренесува Фанатик, отворени се официјани преговори помеѓу Мехмед Сепил, сопственикот на Гезтепе и претставници на рускиот милијардер.

Во следните денови ќе има нови состаноци на кои ќе продолжат да се пеглаат деталите од зделката.

По воената интервенција на Русија во Украина, Роман Абрамович реши го продаде Челси и соопшти дека профитот од зделката ќе го донира за жртвите во војната. Но подоцна тој беше сакнциниран од властите поради блиски односи со Владимир Путин и му беше замрзнат сиот имот. Процесот за продажба на клубот од „Стемфорд Бриџ“ продолжи, но Русинот нема да добие ништо од зделката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ