вторник, 23 декември 2025

Абрамович ја покажува љубовта кон Челси, Русинот се откажува од сè за клубот да не пропадне!

Објавено на

часот

Сподели

Челси се најде во тешка ситуација откако Владата на Велика Британија воведе санкции против Роман Абрамович поради неговите блиски односи со Владимир Путин и војната во Украина.

Целиот имот на Русинот беше замрзнат, само Челси доби специјална дозвола да продолжи да работи како фудбалски клуб, но со многу ограничувања.

„Сините“ не смеат да продаваат билети, да продаваат производи, да купуваат играчи или да обновуваат договори. Синоќа беше соопштено дека и смеките им биле суспендирани како и корпоративните кредитни картички, па тие не можат ниту да наточат гориво во автобусот со кој тимот патува од хотелот до стадионот.

Најцрното сценарио е дека Челси може да пропадна, но Роман Абрамович очигледно нема да го дозволи тоа.

Последните информации велат дека Русинот и властите се договориле процесот за продажба на Челси да продолжи. За да се случи ова, Роман Абрамович прифатил да го отпише долгот од 1,5 милијарди фунти, како и да се откажи од профитите од продажбата.

Заинтересираните страни веќе се известени дека до крајот на следната недела треба да достават формална понуда. Доколку се оди според планот, Челси ќе добие нови сопственици за четири до шест недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ