среда, 10 декември 2025

66 средношколци од Конче веќе трет ден немаат превоз до училиштето во Радовиш

Објавено на

часот

Сподели

Учениците со овој проблем се соочија веќе еднаш лани во ноември, како и на почетокот на второто полугодие. Тогаш Сојузот во разговор со сегашниот градоначалник на Општина Конче успеа да го реши проблемот и таа соработка продолжува.

„Меѓутоа, законската обврска да организира превоз на ученици припаѓа на Општина Радовиш бидејќи СОУ Коста Сусинов се наоѓа во Радовиш, а не во Конче. Претставцници на Сојузот на средношколци разговараа и со градоначалникот на Општина Радовиш и со претставници на училиштето. Ние знаеме дека се прават напори час поскоро да се организира бесплатен превоз за средношколците и дека се соочуваат со административни и процедурални пречки. Нo не смее да се дозволи 66 средношколци да изгубат цела наставна недела поради администрација или нечија претходна грешка.  Ги повикуваме институциите да ја испочитуваат својата уставна и законска обврска и итно да го решат прашањето на превозот. Имајќи ја предвид сложеноста на проблемот, Сојузот на средношколци е подготвен да организира потребни средби меѓу двете општини, училиштето и министерствата за образование и наука, за локална самоуправа и за транспорт и врски“, соопшти Сојузот на средношколци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ