четврток, 9 април 2026

40 отсто од потребите за струја на „Брако“ ќе ги обезбедува преку фотоволтаик

Објавено на

часот

Сподели

До крајот на годинава фотонапонската централа во „Брако“ ќе  има вкупно инсталирана моќност од 1,5 MW, со што годишно ќе се произведуваат 2.250 MWh електрична енергија што ќе обезбеди 40 проценти од потрошувачката на „Брако“, а при тоа ќе се редуцираат 2.000 тона CO2e на годишно ниво .

Коефициентот на заштедени емисии на СО2 во нашата држава е 0,9kg/kWh  и е причина повеќе обновливите извори на енергија, во случајов, сонцето, да има клучна улога во полето на декарбонизација во енергетскиот сектор.

Фотоволтаиците имаат значителен придонес во обезбедувањето на електрична енергија за сопствени потреби и за продажба, така што, интересот за инвестирање во нив драстично се зголемува со се поамбициозни планови за инвестирање во нив. Производството на електрична енергија од обновливи извори е и моќен начин за ублажување на климатските промени, велат од компанијата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ