Министерството за внатрешни работи информира дека за време на вчерашната контрола санцкионирани се 216 возачи, од нив, 128 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 87 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






