понеделник, 30 март 2026

33 мртви во гранатирања на Чернигов, сирени во Киев (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Претходно беше соопштено дека загинале 22 лица, иако се стравуваше дека бројката ќе биде поголема, бидејќи спасувачите сѐ уште трагаат по жртвите и преживеаните во урнатините.

Снимките од итните служби покажуваат како чад излегува од уништените станови, искршени остатоци на земја и спасувачи што носат тела.

Во тој град живеат околу 280.000 луѓе, а руската армија го гранатираше станбениот дел и покрај тврдењата на властите дека целта се само воени објекти и инфраструктура.

Сирените за тревога се огласија околу 17 часот по средноевропско време во Киев. Жителите се повикани да одат во засолништата.

Руските сили ги засилуваат напорите да ја преземат контролата врз нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, соопштија денеска украинските власти.

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации соопшти дека досега е потврдена смртта на 249 цивили. Во првата недела од руската воена операција биле повредени 553 лица.

„Повеќето цивилни жртви, регистрирани меѓу 4 часот наутро на 24 февруари и полноќ на 2 март, загинаа од далечински, експлозивни оружја, вклучувајќи гранатирање, ракетни напади и воздушни напади“, се вели во соопштението на Обединетите нации.

Руската полиција ни вечерва не дозволува собири во Москва, бидејќи не е дозволен протест против војната во Украина, јави известувачот на РТС.

На плоштадот Мањежнаја полицијата ги апси сите што се задржуваат малку подолго.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ