Од бројот на новозаразени, најмногу се во Скопје – 180, во Битола има 29, Прилеп – 21, Охрид – 14, Куманово – 10, Кавадарци, Велес, и Делчево – по 9, Гостивар – 4, Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево – по 3, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 2, Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово – по 1. Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции.
Регистрирани сe и 355 оздравени пациенти и 4 починати лица во болнички услови (2 од Велес и по едно починато лице од Скопје и Кавадарци.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од: Скопје и Кавадарци. Пријавените лица се починати на 26 март во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.957.834 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214, а бројот на активни случаи изнесува 1.782, соопшти Министерството за здравство.






