Најмногу новозаразени има во Скопје – 120, Битола – 15, Прилеп – 11, Охрид – 7, Куманово и Виница – по 6, Кавадарци – 5, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 4, Дебар и Кратово – по 2, Гостивар, Струмица, Кочани, Струга, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 1. Од вкупниот број на позитивни (198), регистрирана е 31 реинфекција.
Регистрирани сe 276 оздравени пациенти од: Скопје – 251, Куманово – 9, Битола – 4, Кичево и Ресен – по 3, Кратово – 2, Тетово, Штип, Демир Хисар и Радовиш – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: две починати лица од Скопје (70 и 92) и по едно починато лице од Прилеп (73) и Битола (74). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Тетово (1), Охрид (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 53 до 92 години. Лицата за починати се пријавени во период од 27 февруари до 2 март. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Од вкупно регистрираните починати лица (9), кај 8 лица се регистрирани коморбидитети, а едно лице е пријавено без коморбидитети.
Направени се 1.996 тестови преку: ИЈЗ-180, ЦЈЗ Скопје-112, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-52, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–76, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-67, Биотек-57, Систина-28, лабораторија Лаор-109, Синлаб-3, Ремедика-1, Плодност-24, Генеа-7, Никоб Лаб-172, ВФВ Медикал-29, Ели Медика Плус-18, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 881.
Досега во земјата се направени вкупно 1.922.182 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.491, бројот на оздравени пациенти е 290.254, на починати е 9.146, а бројот на активни случаи изнесува 2.091.






