четврток, 25 декември 2025

19-годишен фудбалски фан е убиен во Солун

Објавено на

часот

Сподели

Убиството се случило околу 1 часот по полноќ. Алкис Камбанос заедно со уште двајца пријатели биле нападнати додека оделе по улица. 
 
Неколку луѓе од два автомобили, застанале до нив, ги прашале за кој клуб навиваат, а откако тие рекле за Арис биле нападнати со остри предмети.
 
Алкис бил прободен длабоко во горниот дел од бутот и искрварил до смрт, неговите двајца пријатели биле префрлени во болница со повеќе повреди по телото.
 
Се претпоставува дека убијците се фудбалски хулигани од некој од градските ривали на Арис, но не се знае дали се на ПАОК или Ираклис.
 
На местото каде што е убиен Алкис денеска жителите на Солун од тој дел на градот оставаат свежи цвеќиња и изразуваат почит.
 
Убиството ги обедини трите солунски клубови, Арис, ПАОК и Ираклис кои преку социјалните мрежи изразија сочувство за убиениот навивач и го осудија грозниот чин.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ