Министерството за внатрешни работи информира дека во рамки на засилената акциска контрола на територијата, регистрирано е дека од вкупно санкционираните возачи, 13 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а три возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Од МВР апелираат брзината да се прилагодува не само врз основа на сообраќајните прописи и правила, туку и според условите на патот.






