Ноќеска полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија во содејство со Единицата за интервентна полиција постапувајќи по акциски план за спречување на кривични дела по чл. 215 и 216 од КЗ на подрачјето на град Скопје извршија контрола во два угостителски објекта, при што е извршен преглед на над дeсетина лица, од кои кај две лица е пронајдена марихуана. Лицата се лишени од слобода и против нив ке бидат поднесени соодветни кривични пријави, информира МВР.
Во информацијата се вели дека по дополнителни оперативни проверки од страна на полициските службеници добиени се дополнителни сознанија, по што, со обезбедена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории во Скопје, каде се пронајдени 10 паковки кокаин, 115 таблети екстази, една паковка прашкаста материја, вага и нож.
„Од слобода е лишен Д.А (23) од Кратово и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Засилените контроли продолжуваат и во наредниот период“, порачуваат од МВР.






