Мицкоски потврди дека има разговори за пополнување на исполнетите места во Владата по локалните избори и за најавената реконструкција, посочувајќи дека разговорите се тековни.
„Не би можел ништо да споделам додека не биде. Ништо не е готово додека не е готово“, рече Мискоцки.
Премиерот, кој одговараше на новинарски прашања по одбележувањето на 25-години од основањето на Фондот за здравствено осигурување, рече дека 11 јануари е датумот кој најмногу одговара за одржување на повторените локални избори во Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше.






