Во партнерство со Општина Аеродром и нашите долгогодишни пријатели Man & Mountain, беше реализирана нова еко-иницијатива за садење дрвја и раззеленување на јавниот простор.
Ова е второ поглавје од нашата мисија за поврзување на општините и заедницата преку зелени иницијативи, како потврда на она што го започнавме и на тој начин, од локална иницијатива преминуваме кон долгорочна заложба за подобар, почист и поодржлив град.
Идејата е да се охрабрат практики кои го подобруваат квалитетот на живеењето, но и да се поттикне граѓанска свест за заштита на животната средина, верувајќи дека вистинските промени се градат постепено, со посветеност и континуитет.

Со садење на нови дрвја, не создаваме само зелена површина, туку наследство, град што дише и порака за идните генерации кои растат заедно со нас, како чувство на припадност, одговорност и заедништво.
Нашата цел е секоја следна генерација да го почувствува она што денес го создаваме со љубов, ентузијазам и заедничка иницијатива. Оваа акција нека послужи како потсетник дека малите чекори, кога се прават заедно, оставаат големи траги, соопштија од Иуте Македонија.






