понеделник, 15 декември 2025

Раст во индустрискиот промет и во растот на извозот на земјоделските производи

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со трендот на прометот во индустријата и придонесот на поединечни гранки, како и проценките на среден рок, информираше дека најмногу воодушевува индустриската активност со странство. Тој истакна дека кога станува збор за прометот во индустријата, евидентен е огромен раст, кој достигнува до 20 проценти, а во периодот што следи очекува уште повисоки бројки. Тој додаде дека регистриран е и раст на извозот во земјоделието.

Објавено на

часот

Сподели

„Кога станува збор за прометот во индустријата, исто така, тука морам да кажам дека имамео громен раст којшто се брои во 16,18, 20 проценти. Но, она што најмногу воодушевува е растот во индустриската активност со странство. Односно, имаме голем извоз, тоа е суштината. И тој промет тука, го крева вкупниот промет. Тоа значи дека, во услови на криза на европскиот пазар, автомобилската индустрија, ние имаме извоз. Тоа значи дека имаме добра бизнис клима во државата, а тоа го потврдува и зголемениот број на директни странски инвестиции, коишто во периодот што следи ќе дојдат, но и оној период кој што е позади нас кои што ги отпочнаа своите вложувања во државата“, изјави Мицкоски.

Премиерот напомена дека сега е време кога државата се развива преку вложувања во проекти.

„Така што, во периодот којшто следи, очекувам уште поголеми бројки споредено со минатото. Да се навикнеме на успеси, на убави работи. Доста беше поделби, доста беше црнила, доста беше неуспеси, доста беше коленичење, свиткани кичми, криминал и корупција. Сега е време кога државата се развива, кога вложуваме во проекти, вложуваме во нови автопати, коридор 8, коридор 10. Земјоделци кои што високо извезуваат, индустрија која работи, тоа е суштината. Тоа е фокусот на оваа Влада и мора да се навикнеме и на вакви успеси. И впрочем, тоа го кажуваат и граѓаните на јавните мерења.“, објасни тој.

Мицкоски додаде дека според податоците на Државниот завод за статистика забележан е нагорен тренд на извозот на земјоделските производи.
„Имаме раст на извозот во првите пет месеци, од речиси шеесетина, близу седумдесет проценти, што е добро, охрабрувачки за земјоделците. Добро е и за државата, бидејќи e помал дефицит што се однесува до увозот на храна.
Нашиот фокус како Влада е да ги помагаме земјоделците, тие да произведуваат за да може и да извезуваат, но и да ги задоволат трпезите на македонските граѓани. Така ќе продолжиме и во иднина, со тоа што планираме тој систем на субвенционирање да биде насочен кон вистинските земјоделци. Кон оние кои вистински произведуваат, а не кон оние малкумина коишто се обидуваат на грбот на земјоделците да профитираат. Така функциониравме и до сега, така ќе продолжиме да функционираме и понатаму“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ