сабота, 12 јули 2025

Раст од 9,4 отсто на индустриското производство во мај годинава во однос на лани

Индустриското производство во мај 2025 година е зголемено за 9.4 проценти во однос на мај 2024 година. Секторот рударство и вадење на камен бележи пораст од 18.8 проценти, секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 9.0 отсто, а секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 11.8 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на, прехранбени производи, пијалаци, текстил, облека, хартија и производи од хартија, хемикалии и хемиски производи, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производи од гума и производи од пластични маси, електрична опрема, машини и уреди, на мебел и моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 13.7 отсто, капитални производи за 13.5 отато и нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 отсто,  додека опаѓање бележи кај енергија за 8 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 9 отсто.

Најголем раст има во производство на електрична опрема од 31.2 отсто, потоа производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 21.8 и производство на машини и уреди од 18.4 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 103.3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ