понеделник, 22 декември 2025

Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите

Во мај годинава, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно и годишно намалување од 0,05 процентни поени (п.п.) и 0,43 п.п., соодветно и изнесува 5,06 отсто. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,21 отсто што претставува месечен и годишен раст од 0,01 п.п. и 0,35 п.п., соодветно, соопшти денеска Народната банка (НБРМ).

Објавено на

часот

Сподели

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2, во мај, е зголемена за 0,85 п.п. при годишен пад од 0,47 п.п. и изнесува 4,72%. Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е забележан месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., соодветно и изнесува 2,32 отсто.

Кај каматни стапки на корпоративниот сектор 3, во мај, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,66 отсто и е пониска за 0,07 п.п. во споредба со претходниот месец. Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,08 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), при забележан пад и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Во споредба со мај минатата година, оваа каматна стапка бележи намалување од 0,65 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во мај, оствари месечно зголемување од 1,25 п.п. и изнесува 4,67 отсто. Месечната промена се должи на растот на каматните стапки на сите компоненти и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 1,35 п.п. и 0,46 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,17 п.п.). Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,49 п.п.

Овој месец, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е непроменета на месечна основа и изнесува 2,62 отсто. На годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 0,41 п.п.  ‒ Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор изнесува 2,30% и забележа месечен раст од 0,07 п.п. Нагорната промена во целост е резултат на зголемувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,22 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во странска валута остварија пад од 0,21 п.п. Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,08 п.п. на годишно ниво.

Во мај, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво и изнесува 5,45 отсто. Анализирано по валута, промената произлегува од падот на каматните стапки кај сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), како и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка оствари пад од 0,20 п.п.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во мај, забележа месечен раст од 0,12 п.п. и изнесува 4,79 отсто. Притоа, растот во целост се должи на зголемените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,09 п.п.), при пад на каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,04 п.п., соодветно). Годишниот пад на просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 0,47 п.п.

Во мај, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 2,15 отсто и бележи месечно зголемување од 0,01 п.п. Месечната промена произлегува од растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п., соодветно), во услови на пад на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Во споредба со истиот месец претходната година, оваа каматна стапка е повисока за 0,34 п.п.  – Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6 овој месец е пониска за 0,08 п.п. и изнесува 2,34 отсто. Притоа, падот е резултат на намалените каматни стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,24 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). Во мај, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. На годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,02 п.п.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ