Во ноември годинава, пак, во однос на ноември 2024 година има намалување од 2.8 %.
Индустриското производство во секторот – рударство и вадење на камен во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање од 4,7 %; во секторот – преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2 %, а во секторот – снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8,6 %.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање кај енергија за 8,5 %, капитални производи за 2,1 %, трајни производи за широка потрошувачка за 18,6 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,7 %, додека пораст бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 7,7 %.






