Во второто тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите, градежништво од 7,3 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од шест отсто и рударство и вадење на камен, преработувачка индустрија, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 3,9 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2025 година, номинално расте за 6,1 , а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 68,5 отсто.
Во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 6,4 отсто, а увозот на стоки и на услуги исто така бележи зголемување во номинален износ од 7,3 отсто.
„Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година е 3,2 отсто“, се наведува во соопштението од ДЗС.






