понеделник, 14 јули 2025

Распределбата на судските предмети се врши електронски, заклучи Комисијата за надзор над АКМИС

Комисијата за надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник и на одредбите од Законот за управување со движење на предметите во судовите утврдила дека распределбата на судски предмети се врши електронски и дека не е забележана рачна распределба на предметите. Изземањето на судии се врши согласно законската процедура, а за секое исклучување и вклучување на судии од АКМИС постојат образложени одлуки.

Објавено на

часот

Сподели

Во записниците од Комисијата, објавени на веб страницата на Министерството за правда (pravda.gov.mk), како констатирани слабости се наведуваат недостигот на судии и административни службеници поради што се предлага Судскиот совет да изврши итен избор на судии со цел да се овозможи пополнетост на судовите. Во дел од судовите констатирано е дека нема телефонска централа, не се обезбедени униформи за припадниците на судската полиција и нема лифтови ниту пристап за лицата со попреченост. Судовите, исто така, не ги објавуваат редовно на веб страницата програмите за работа, годишните планови, распоредите и други акти со цел да се овозможи поголема транспарентност на работата на судот.

Од Министерството за правда денеска информираа дека се предложени мерки за решавање на овие проблеми и дека Комисијата ќе продолжи со следење на нивната реализација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ