понеделник, 15 декември 2025

Раскол во ССК: Георгиевски и Костадиновски не се повеќе потпретседатели на Сојузот на стопански комори

Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски се разрешени од функциите потпретседатели на Сојузот на стопански комори (ССК) на Македонија на седница на Управниот одбор на Сојузот, информираа денеска од ССК.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска Сојузот на стопански комори на Македонија, Георгиевски и Костадиновски како претставници на компании членки се исклучени од членството во Сојузот на стопански комори на Македонија.

„Врз основа на ова, овие лица повеќе немаат никаква поврзаност со ССК, ниту имаат право да се претставуваат во име на Сојузот. Дополнително, апелираме до сите медиуми и јавноста да не го користат логото, полниот или скратениот назив на Сојузот на стопански комори на Македонија во контекст на појавување, изјави или настапи на горенаведените лица, со цел да се избегне погрешна претстава и злоупотреба на имиџот и интегритетот на Сојузот. Сојузот останува посветен на транспарентно и одговорно работење во интерес на стопанството и економскиот развој на државата“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ