недела, 14 декември 2025

Рашковски вели дека невистини се информациите дека бил задржан на граница

Во врска со некои написи на медиумите дека сум задржан на граница со Грција се апсолутно невистина, напиша Драги Рашковски на социјалните мрежи. Тој вели дека станува збор за легално пријавени средства на царинскиот службеник со извод од банка кои се внесуваат во државата, а не се изнесуваат.

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со некои натписи на медиумите дека сум задржан на граница со Грција се апсолутно невистина. Станува збор за легално пријавени средства на царинскиот службеник со извод од банка кои се внесуваат во државата, а не се изнесуваат.
Ве молам како медиуми да не ширите невистини“, вели Рашковски.
Како што претходно објавивме , поранешниот генерален секретар на Владата на Заев, Драги Рашкоски, е задржан на граничниот премин Ново Село, откако македонската царина при претрес на неговото возило пронашла 20.000 евра кеш за кои немал покритие ниту биле пријавени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ