Претходно Рашковски на Фејсбук објави демант во кој вели дека не пренесувал пари во Грција и дека наводите во медиумите се невистинити.
Поранешниот генерален секретар на Владата , инаку на јавноста ѝ е познат по аферата Софтвери.
Во прв степен, Драги Рашковски и уште шестмина обвинети добија затворски казни за злоупотреби од три до осум години затвор во случајот Софтвери.






