четврток, 22 јануари 2026
ЦУК

Рашче, Долно Количани, Маркова Сушица и Блаце останаа без јавен превоз од ЈСП

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека мал број автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје од приградските линии не сообраќаат до крајните дестинации.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за автобусите со број 11 (од село Рашче до Транспортен центар), 64 (од Никиштани до Транспортен центар), 74 (од Долно Количани до Транспортен центар), 80 (од Маркова Сушица до Транспортен центар) и 81 (од Блаце до Транспортен центар). Во информацијата на ЈСП Скопје што ја пренесе ЦУК не се наведени причините поради кои автобусите од овие линии нема да сообраќаат до крајните дестинации.

ЦУК ја објави информацијата во својот утрински извештај за состојбата со врнежите од снег во државата.

ЈСП Скопје неодамна најави можно привремено редуцирање на одредени автобуски линии поради ниските температури и најавите за врнежи од снег во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ