среда, 13 август 2025

Рама вети забрзување на процесот на легализација на објектите во Пустец

Албанскиот премиер Еди Рама ветил забрзување на процесот за легализација на градбите во Општина Пустец, најавувајќи тесна соработка со општинските власти со цел решавање на овие прашања во што е можно покус рок и во интерес на секој граѓанин. На средба со градоначалниците на албанските општини, Рама бил категоричен дека „објектите кои биле изградени пред Преспа да биде прогласена за национален парк остануваат и ќе бидат  легализирани“, но оти „нема да дозволи нови градби во заштитено подрачје“.

Објавено на

часот

Сподели

Албанскиот премиер Еди Рама ветил забрзување на процесот за легализација во Општина Пустец, најавувајќи тесна соработка со општинските власти со цел решавање на овие прашања во што е можно покус рок и во интерес на секој граѓанин. Градоначалникот на Пустец, Пали Колефски ова го посочил на средбата на Рама со градоначалниците на албанските општини.

„За време на оваа значајна средба со премиерот Еди Рама, градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски, јасно и конкретно ги изнесе проблемите со кои се соочуваат нашите граѓани во процесот на легализација“, објави општина Пустец.

Во видео објавата градоначалникот нагласува дека иако се направени позитивни чекори во оваа насока, сè уште постојат пречки и доцнења во обработката на предметите на жителите на Пустец.

„Легализацијата на објектите почна пред многу години, а сѐ уште нерешени се 107 барања на граѓаните. Во тој контекст проблем е и легализацијата на објекти, куќи за домување на сопствен имот, кој се наоѓа на територија прогласена за заштитено подрачје“, вели Колефски.

Во однос на второто прашање Рама категоричен дека „објектите кои биле изградени пред Преспа да биде прогласена за национален парк остануваат и ќе бидат  легализирани“, но оти „нема да се дозволи нови градби во заштитено подрачје“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ