недела, 8 февруари 2026

Ралповски: Вработените во администрацијата треба да го добијат она што навистина го заслужуваат

Претседателот Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски пред денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски на која присуствуваат и претставници од други репрезентативни синдикати на администрацијата, изјави дека се тука за да се потврди она што се преговарало скоро неполна година.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска сме тука да го потврдиме она што го преговараме скоро неполна година. Ова покачување во некоја поразлична форма требаше да се случи уште минатата година, но ете не се случи од 1 мај. Пред месец-два почнавме повторно преговори и ја најдовме оваа формула што треба да ја ставиме во поединечните колективни договори и вработените во администрацијата да го добијат она што навистина го заслужуваат. Членот 47 ја објаснува платата и коефициентот, но сега излезе на виделина она што го кажавме ние уште во 2023 година, кога се потпишуваше Општиот колективен договор. Во тој член, во ставот 4, пишува дека коефициентот не може да биде поголем од номиналниот раст на БДП, па така, не е 12,5 како што се зборува, туку е многу помал. Спогодбите што ги потпишувавме во образованието, здравството и администрацијата се поповолни од тој член во Општиот колективен договор, а законот вика – ‘се зема тоа што е поповолно’ “, изјави Ралповски.

На новинарско прашање дали ќе го поддржат протестот на ССМ во вторник, одговори дека покана немаат, но „ќе има поддршка“.

„Немаме покана, никогаш не сме излегле на заеднички протест. Тоа што ССМ го бара, еве јас можам лично да кажам – да, ќе има поддршка, но зошто да биде 600 евра, нека биде 700 евра, зошто платите да се усогласат само 100 евра, треба да се усогласат толку колку што ќе расте минималната плата“, потенцира Ралповски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ