„Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ. Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје.
Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ.
На една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата, а за функциите ќе се бираат најкомпетентни личности. СДСМ, нова сила – нова енергија“, соопшти партијата.






