четврток, 19 февруари 2026

Работна средба на Гаши во МАНУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска одржа работна средба во Македонската академија на науките и уметностите, со претседателот Живко Попов, како и со други претставници на Академијата.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата се разговараше за значењето на поактивното вклучување на Академијата во стратешките процеси на развој на државата, особено во креирањето политики и во обезбедувањето стручна поддршка при институционалното одлучување“, соопшти собраниската прес-служба.

Претседателот Гаши информирал за вчерашната одлука усвоена на седница, со која е овластен, како претседател на Собранието, да склучи поединечен колективен договор со претседателот на синдикалната организација на Академијата.

Гаши изразил и подготвеност за поддршка на сите иницијативи што ја зајакнуваат улогата на науката и уметноста во развојот на државата, додаваат од собраниската прес-служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ