„По донесувањето на Законот за енергетиката, во РКЕ се формирани тимови од инженери, економисти и правници, кои работат интензивно на подзаконската регулатива, што ќе обезбеди усогласување на домашната легислативата со европската. Ова е само еден од предусловите за да почне практичната интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари, а потоа и со Европскиот пазар за електрична енергија. Регулаторната работилница за нас е можност да размениме искуства и знаење, затоа што грчкиот регулатор веќе го има затворено овој процес“, истакнал Лирим Сулејмани, заменик-претседател на РКЕ.
Како што информираат денеска од РКЕ, од Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY) ги презентирале регулаторните чекори што ги презеле при спојување со европскиот енергетски пазар нагласувајќи дека ова е интензивен процес што бара блиска и ефикасна соработка на засегнатите страни за да се постигне јасна и транспарентна транзиција.
РКЕ и РАЕ минатата година во февруари склучија меморандум за соработка во областите енергија, вода и отпад, со цел размена на регулаторна експертиза.






