сабота, 31 мај 2025

Пуштени на домашно лекување од болницата во Пловдив, тројца повредени во пожарот во Кочани

Тројца повредени во пожарот во Кочани кои беа хоспитаизирани на Универзитетската болница за интензивна нега „Св. Ѓорѓи“ во Пловдив, денеска се пуштени на домашно лекување, соопшти прес-центарот на болницата, пренесува БТА.

Објавено на

часот

Сподели

„Пациентите – тројца мажи на возраст од 19, 21 и 48 години – беа примени во болницата на 17 март на Клиниката за пластична, реконструктивна и естетска хирургија, каде што беа сместени на интензивна нега поради сериозноста на изгорениците. За време на престојот во болницата, нивната состојба постепено се подобруваше, а медицинските специјалисти им ја обезбедуваа сета потребна нега и третман“, се вели во соопштението.

Во моментов, сите пациенти се во стабилна општа состојба и ја напуштаат медицинската установа со пропишани препораки за следење и рехабилитација.

Тројцата пациенти и нивните роднини изразија благодарност до тимот на болницата.

Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани што се случи на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа поврдени. Некои од повредените беа  пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“ во Софија, а другите во болниците во Пловдив и Варна.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ