сабота, 24 јануари 2026

Пулмологот Станетиќ: Времето на лечење на карциномот само врз основа на хистологија е поминато

Времето на лечење на карциномот само врз основа само на хистологија е поминато. Секој иден карцином, без разлика каде е примарната лезија, ќе го лекуваме врз основа на генетските мутации. Ќе бидат важни генетските малформации и лекувањето на тие генетски малформации.

Објавено на

часот

Сподели

Можеби звучи грубо, но ќе престане да биде важно дали е тоа карцином на панкреас, на дебело црево или на бели дробови, важни ќе бидат генетските малформации, вели професор доктор Мирко Станетиќ, специјалист пулмолог и редовен професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Бања Лука.

Во интервју за МИА, Станетиќ посочува дека во истражувањата на генетските мутации кај немикроцелуларниот карцином речиси 70 проценти од карциномите имаат некои генетски знаци и дека за повеќето од нив веќе постојат лекови.

„Сакам да кажам дека за секој карцином, покрај хистологијата (испитување на ткивото, н.з.), неопходно е да се направат молекуларни, генетски тестирања за да знаеме точно кој вид на лек треба да се примени за тој тип на карцином. Ние, тоа жаргонски го нарекуваме целна терапија бидејќи за точна генетска мутација, веќе се одредува и терапија“, нагласува доктор Станетиќ.

Појаснува дека истражувањата се повеќе насочени кон немикроцелуларниот карцином бидејќи тој е почест и се јавува дури и кај помладата генерација, додека кај микроцелуларниот карцином има неограничен број на мутации и тешко е да се одреди една сигурна мутација која ќе биде погодна за терапија.

„Но, истражувањата кај ситноќелискиот карцином одат понатаму. Денес зборуваме за нов вид на имунолошка терапија т.н. DLL – 3 терапија која многу ќе го промени начинот на размислување кога е во прашање микроцелуларниот карцином. И не само тоа, денес кај пациентите со микроцелуларен карцином каде болеста локално напредувала, односно се наоѓа внатре во самиот граден кош, се применува комбиниран начин на лечење – радиотерапија и потоа лечење со имунолошка терапија, а ако состојбата на пациентот е добра, лечењето се спроведува во комбинација на имунолошка терапија и класична терапија. Почетните резултати кај овие пациенти охрабруваат и сигурен сум дека во следниот период и кај микроцелуларниот карцином добро ќе се позиционираат некои нови видови на имунолошки или целни терапии. Сепак, треба да се каже дека истражувањата во микроцелуларниот карцином не го достигнале сѐ уште нивото како во немиркоцелуларниот карцином“, истакнува доктор Станетиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ