понеделник, 30 март 2026

Првпат правата на вработените во јавнообвинителската служба се гарантираат со поединечен колективен договор

Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и Претседателката на Синдикалната организација при јавните обвинителства Изабела Илиева денеска го потпишаа Колективниот договор за вработените во Јавното обвинителство на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Ова, како што информираат од Обвинителството, е првпат правата на вработените во јавнообвинителската служба да се гарантираат со поединечен колективен договор, кој меѓу другото предвидува и етапно зголемување на платите на оваа категорија вработени, почнувајќи од платата за март 2026 година.

„Јавниот обвинител Савески го поздрави потпишувањето на Колективниот договор како значаен исчекор во однос на статусот на јавнообвинителската служба. Тој изрази задоволство што ваквиот чин се случува токму на почетокот на неговиот мандат, како потврда за неговите заложби да се создадат сите предуслови за ефикасна работа во јавните обвинителства и за уште поголемо унапредување на правата на вработените во оваа институција“, информираат од ЈОРСМ.

Во разговорите со претставниците на Синдикатот се дискутираше и во однос на законските решенија за јавното обвинителство и за јавнообвинителската служба кои се во процедура, а беше изразена подготвеност и за континуирана комуникација и соработка со синдикалната организација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ