Станува збор за машко бебе, родено на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани. Мајката е од Гостивар, но живее во Оризари и ова е нејзина втора рожба, што ќе го носи името Миха.
Првото новороденче во 2026 година во Кочани е тешко 3, 5 килограми и долго 53 сантиметри. Породувањето е поминато нормално, родилката се чувствува добро, вели спец. гинеколог акушер Илчо Атанасовски.
Градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов ги посети мајката и новороденчето. Врачувајќи им традиционалните подароци и им посака добро здравје и многу среќа.
„Во моментите кога го славиме најголемиот христијански празник, раѓањето на нашиот Бог, Исус Христос се раѓа и нова наша надеж во Кочани. Ова не е симболика, ова е јасна порака со која, Господ Бог е со нас и со негова помош ќе се трудиме да го направиме тоа што многупати кажувавме, за повторно раѓање на Кочани и за повторно раѓање на кочанската болница. Од мое лично име и од име на Општина Кочани на малиот наш сограѓанин, му посакувам безгрижно детство, многу здравје и да биде гордост на неговите родители и на нашиот град Кочани“, рече градоначалникот Грозданов.
Тој посочи дека како Општина ќе бидат посредник меѓу централната власт и институцијата, болница во Кочани за нејзино што е можно побрзо возобноувавње и повеќе инвестиции, како на кадрвско така и на организационо поле.
Од Кочанската општа болница најавија дека оваа година Гинеколошко-акушерското одделение ќе добие тројца нови специјалисти. Исто така, се очекува враќање на специјалисти и на интерното одделение. Дополнително на специјализација ќе се испратат и двајца анестезиолози.






