петок, 25 април 2025

Првостепената комисија во ФЗО доби нови членови за носење одлуки за лекување во странство

Во Фондот за здравствено осигурување денеска се одржала средба со дел од членовите на новиот состав на Првостепената комисија за лекување во странство, која ќе ја предводи д-р Игор Мерџановски од Клиничкиот центар.

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата брои седум членови и седум нивни заменици, а нејзиниот состав вклучува стручњаци од области како ортопедија, педијатрија, неврохирургија и други специјалности во кои најчесто се упатуваат пациенти на лекување надвор од земјата, соопштија од ФЗОМ.

„Преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија, годишно над 250 осигуреници се лекуваат во странство, за што се издвојуваат повеќе од 5 милиони евра“, се посочува во објавата на Фејсбук.

Надлежните институции упатуваат апел до сите осигуреници кои имаат потреба од ваков вид на здравствена услуга, најпрво да се обратат институционално, со цел постапката да се одвива согласно законските процедури и во интерес на навремено добивање соодветна здравствена заштита.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ