„На разгледницата се сместени 12 фотографии од традиционалните македонски носии од Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник – Билишта, селата Крчишта и Ербеле – Поле – Маќелара“, вели Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана и главен и одговорен уредник на истоимениот македонски весник.
Додава дека примероците од оваа разгледница ќе се распределува низ Република Албанија.
„Печатењето на разгледница претставува значаен придонес за зачувување на македонското културно наследство на Македонците во Република Албанија“, нагласува тој.
Според него ова издание е отпечатено со финансиска поддршка на семејство Ѓурѓај.






