сабота, 27 декември 2025

Прва разгледница од Голо Брдо, Албанија – создадена од претседателот на МД „Илинден“-Тирана

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“  авторско дело на Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана и уредник на истоимениот весник на македонски јазик.

Објавено на

часот

Сподели

„Ваква разгледница посветена на областа Голо Брдо, за првпат е изработена во Република Албанија. Содржи 15 фотографии од селата во овој прекрасен крај, населен главно со Македонци. Покрај природните убавини со кои Бог ја дарувал  областа, има и многу културни историски споменици, кој секој би посакал повторно да ги види“, вели Ѓурѓај.

Додаде дека ова негово дело има значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство.

„Засега разгледницата ќе биде дистрибуирана низ цела Република Албанија, претставувајќи значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство на Македонците во Република Албанија.

Првото издание на разгледницата е отпечатено со финансиска поддршка на семејството Ѓурѓај.

Во областа Голо Брдо распослани се 22 села, од кои 18 се населени со Македонци, додека во останатите населението е со мешан состав.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ