Како што информираа од организацијата, симпозиумот ќе се реализира во амфитеатарот на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – „Козле“.
Најавено е на прес-конференција пред почетокот да бидат презентирани целите, значењето и програмата на симпозиумот, како и актуелните предизвици во областа на анестезијата, реанимацијата и интензивното лекување.






