Му беше порачано дека иницијативата е чиста како што треба да биде чист воздухот и дека иницијативата произлезе од потребата конечно да се затвори проблемот со Вардариште и на граѓаните да им се овозможи чист воздух и животна средина, што е и уставно право. Иницијаторите го повикаа градоначалникот да се ослободи од партиски мотиви, да дојде на протест и да ги слушне граѓаните. Истиот повик е упатен и до градоначалникот на Гази Баба и до владините министри, како и до Град Скопје.

“Не треба да чекате да завршат изборите, имате моќ како функционери да почнете со решавање на проблемот со загадувањето на воздухот. И вие и вашите деца дишете ист воздух. Нас не ни е битно кој ќе биде на власт. Битно е да видиме дека сакате да го решите проблемот со Вардариште и да работите за граѓаните“, порачаа иницијаторите.
Тие потсетија дека чекаат до четврток одговор на барањата упатени до сите нивоа на власта, а доколку повторно останат неми, дека протестите ќе се радикализираат.






