среда, 4 февруари 2026

Протест заради високи сметки за струја во Струмица

Жители од Турското маало од Струмица денеска мирно протестираа пред просториите на „Електродистрибуција“ тврдејќи дека добивале високи сметки за потрошена електрична енергија, иако реално немале толку потрошено.

Објавено на

часот

Сподели

Според граѓаните, сметките се високи, посебно во зимските месеци и бараат и тие да имат увид во броилата.

„Протестираме заради високите сметки. Јас живеам сам во една соба и имам еден ладилник и сметката за струја за минатиот месец ми е 19 илјади денари, а претходниот добив сметка од 14 илјади. Бараме сметките да се намалат и да бидат реални“, изјави Зекри Алиев.

Претставници од протестантите влегоа на разговор со раководството на КЕЦ Струмица и по средбата на насобраните им се обрати директорот на овој Центар, Мартин Димевски.

„Наредниот петок вашите претставници пак ќе дојдат кај нас уште еднаш, а од понеделник до петок наредната недела ако некој смета дека треба да се провери и анализира броилото како што треба во системот ќе бидете примени од 13 до 15 часот во посебна канцеларија“, рече Димевски.

И претставниците на граѓаните кои беа на разговор, потврдија дека наредниот петок повторно ќе се сретнат за  да се најде решение и ги повикаа насобраните граѓани мирно да се разотидат.

Инаку, од „Електродистрибуција“  додаваат дека се работи за специфично маало каде има  дивоградби и нелегални приклучоци.

Велат дека тие што имаат броила се далечински и не станува збор за нереални сметки, а покрај тоа пред извесно време таму се извршена и реконструкција на мрежата и некои од граѓаните за прв пат добиле броила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ