среда, 28 јануари 2026

Протест за поголеми плати: Нема да дозволиме да си играте со работничката мака од чии даноци земате плата

Протестот за поголеми плати на работниците, во организација на Сојузот на синдикати започна попладнево како што беше најавено од пред Работничкиот дом. Учесниците на протестот на овој начин го изразуваат своето незадоволство од висината на платите и бараат зголемување од најмалку 6.000 денари, за минималната да се искачи на 600 евра.

Објавено на

часот

Сподели

На протестот има неколку илјади луѓе, а забележливо е и присуството на полицијата. Сообраќајот во центарот на Скопје е целосно парализиран.

Со повиците „Уа“, „Лопови“ пристутните најпрво застанаа преед Собранието каде што упатени пораки до пратениците кои одбиваат да расправаат за платите на работниците.

„Нема да се откажеме, нема да дозволиме да си играте со работничката судбина, со работничката мака и со работничката пот од чии даноци земате плата. Ако не ја зголемите минималната плата и другите плати, доаѓаме по вашите плати“, изјави Трендафилов.

„Ние ќе бидеме тука сѐ додека не си ја обезбедиме платата. Тука сме денес, ќе бидеме утре и секој нареден ден, додека не ја постигнеме целта, а тоа е нашето барање од 600 евра минимална плата и зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари“, порачаа од Синдикатот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ