понеделник, 6 април 2026

Протест во Скопје на студентите-Албанци за неможноста да се полага правосуден испит на албански јазик

Во Скопје денеска се одржа студентски протестен марш на кој албанските студенти протестираа поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит.

Објавено на

часот

Сподели

Маршот започна од плоштадот „Карпошово востание“, продолжи преку Камениот мост и заврши пред Министерството за правда.

Студентите побараа оставка од министерот за правда, Игор Филков, инсистирајќи на почитување на законските одредби и обезбедување рамноправност.

„Нема држава без млади луѓе“ – порачаа демонстрантите, нагласувајќи дека нивната борба е за правда и еднакви права.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ