среда, 21 јануари 2026

Протест пред Усје, „жолт картон“ за компанијата и за Министерството за екологија

Чистиот воздух е основно човеково право, а не привилегија. Ова беше основната порака на вечерашниот протест на стотини граѓани пред фабриката за цемент во Скопје, Титан Усје. Граѓаните се незадоволни од долгогодишното игнорирање на проблемот со загадениот воздух од надлежните органи. Протестот го организираше граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“.

Објавено на

часот

Сподели

Активистите се незадоволни од тоа што државата дозволува недоволна контрола врз потенцијалните загадувачи. За нив моделот на мониторинг на емисиите, според кој индустриските капацитети сами ги мерат и пријавуваат податоците за загадувањето, е лесно манипулативен.

Барањата на граѓаните се да се воведе независен и континуиран мониторинг на квалитетот на воздухот, со мерни станици кои ќе работат постојано и ќе бидат под институционална или независна контрола, со цел граѓаните да имаат реален увид во состојбата со загадувањето во нивната околина.

Од компанијата Титан Усје велат дека работат согласно законските прописи, дека располагаат со А-интегрирана еколошка дозвола и дека нивното работење е усогласено со европските еколошки стандарди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ